Бугарскиот пратеник европратеник Андреј Ковачев, кој познат во јавноста застапувајќи тези каде ја спори посебноста на македонскиот народ и идентитет и често пати јавно ја толкува македонската историја.
Преку фејсбук статус јавно го прозва и му честиташе на македонскиот претседател Стево Пендаровски за тоа што јавно изјави дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, што македонската историја и историчари со научни факти и докази го негираат ова тврдење.
,,Му честитам на македонскиот претседател, г-дин Пендаровски! За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања!
Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја. Многу подоцна, македонските Бугари Тодор Александров и Иван Михајлов поставуваат за цел на ВМРО независна Македонија, ослободена од српската окупација!
Модерните Бугари и модерните Македонци се наследници на овие големи Бугари! Оваа вистина треба да биде потврдена и од билатералната комисија, како го бара договорот за пријателство и добрососедство и да биде ставено во наставниот план на двете страни!
Сите преродбеници и револуционери, како Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Рајко Жинзифов, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и многу други од дејци на ВМРО, исто така, се декларирале како Бугари.
Самата организација ВМРО е основана во 1893 година како Бугарски Македонско-одрински револуционерен комитет, по примерот на Бугарскиот Таен Револуционерен Комитет на Васил Левски“