Eкипата на Царско Село испадна од Првата фудбалска лига во Бугарија. Во последното коло од плеј-аутот тимот пред својата публика не успеа да слави победа над Локомотив Софија и се прости од прволигашкото друштво (1-1).
До трите бода домашниот тим беше многу блиску, затоа што во 95. минута доби удар од единаесет метри, по кој настана хаос на теренот, затоа што фудбалерите на Царско Село за малку ќе се испотепаа кој да го шутира пеналот. На крај еден господин од трибините, поточно газдата на клубот, влезе в терен и ја реши ситуацијата.
Видеото погледнете го во продолжение: