Бугарин измамил повеќе постари лица од Македонија: Им се јавувал и им велел дека нивните најблиски направиле cooбpaќajка – им зел 40.000 евpa

Денеска (02.10.2022) во 09:00 часот на Граничниот премин Деве Баир полициски службеници го лишија од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија.

По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ.

Имено, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените- повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра.

Измамникот успевал оштетените да ги доведе во заблуда телефонски јавувајќи им се и кажувајќи им дека член на нивното потесно семејство наводно предизвикал сообраќајна несреќа, при што има загинато дете, и доколку сака да го спаси од одење во затвор, барал од оштетените поголема сума на пари.

При извршениот претрес кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра,картици за телефон,телефон и други предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Апелираме до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.