УФЦ борбите најчесто се многу жестоки и агресивни. Борците во овој спорт се личности полни со адреналин кој понекогаш не можат да го „скротат“ дури и кога се надвор од рингот.
Тие добро се познаваат меѓусебно, ги знаат своите предности и слабости, па поради тоа се случува да си упатат лавина провокации дури и пред да се соочат во рингот.
Во ова натпреварување, секогаш постои најава на мечот преку која се претставуваат учесниците во борбата и тие даваат изјави за медиумите. Меѓутоа, тензијата на ваквите најавни настани, неретко знае да ја премине точката на вриење, па насилството меѓу конкурентите започнува многу порано од предвиденото.
Во продолжение, погледнете ги најжестоките вакви ситуации: