Бруталниот цар: Ја убил сопругата, мајка му, запалил град…

Римскиот император Нерон владеел 13 години, а зад себе оставил свет полн со уништување. За време на неговото владеење бил познат по невидени злосторства.

carot-neron-640x453

Ја убил својата мајка

Набрзо откако станал цар, Нерон бил убеден дека неговата мајка подготвува заговор против него. Тој наредил на неговата војска да го потопи бродот во кој се наоѓала. Таа успеала да преживее и да доплива до брегот, но се соочила со група војници кои ја убиле.

На најбрутален начин се ослободил од сопругата

Нерон и неговата сопруга Октавија не се сложувале. По неколку години од бракот, тој ја обвинил за прељуба и одлучил да се ослободи од нејзе. Се обидел да издејствува смртна казна за прељуба, но немал докази. На крајот, сепак, успеал на најбрутален начин да се ослободи.

Го запалил Рим

Нерон, според тврдењата на некои историчари е одговорен за големиот пожар што го зафатил Рим. Тој, наводно, ги слушал музичарите во својата палата додека градот во позадина горел.  Иако не постои доказ како избувнал пожарот, некои веруваат дека Нерон тоа го направил за да има место каде да изгради поголема палата за себе.

Ги обвинил Христијаните за пожарот

Нерон ги обвинил Христијаните за големиот пожар, по што следела невидено брутална тортура и убивање. Телата на обесени луѓе во пламен виселе во градините, покрај кои Нерон ладнокрвно шетал.

Самоубиство за крај
Бруталното владеење на Нерон, на крајот го стаса. Сенатот го прогласил за непријател на народот и сите се свртеле против него. Плашејќи се за својот живот, се самоубил и бил првиот римски император кој тоа некогаш го направил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.