Натпреварот од полуфиналето во женскиот фудбалски куп помеѓу прилепскиот женски фудбалски клуб Деспина и ЖФК Каменица, бил далеку од фер и натпреварувачки. Наместо тоа натпреварот бил исполнет со груби стартови и фаули, за кои сега двете екипи меѓусебе се препукуваат.
Најпрво фудбалерката на Каменица, Мила Талевска, ги обвини прилепчани дека во нивниот пријателски дуел пред три месеци, претседателот на ЖФК Деспина и’ се заканил дека ќе биде изнесена на носилки во нивниот следен натпревар.
Според нејзината изјава токму и тоа се случило првенствената утакмица пред околу 2 месеци, oдносно таа била намерно повредена од фудбалерките на ЖФК Деспина, па поради тоа го пропуштила натпреварот од Купот, кој пат Каменица го доби со 2:1.
Целата реакција на Талевска можете да ја прочитате на линкот во продолжение:
Но, после овие обвинувања следуваше и соопштение од прилепскиот фудбалски клуб, каде е пренесена друга вистина. Од Деспина велат дека нивните фудбалерки биле нападнати во Македонска Каменица.
-По завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица нашите фудбалерки беа физички и вербално нападнати.
Во текот на натпреварот беа навредувани и се слуша како се упатуваат закани :Нема да излезите од тука,да ви е..м племето,Прилеп ќе гори,убите ги итн. Креатор на целиот инцицент беше Мила Талевска , помогната од нејзиниот тренер, неговата сопруга и капитенот на Каменица.
Мила Талевска се повреди во Прилеп пред скоро два месеци на 05.03 2023 по што беше пренесена во Прилепската болница каде и е пружена потребната нега и помош.Од нашиот клуб по завршување на натпреварот капитенот Кате Милеска и тренерот Стеван Талески одат да ја посетат повредената Талевска по налог на претседателот на нашиот клубот. Потребно беше да направат инцидент да напаѓаат и фрлаат со шишина по фудбалерки од по16-17 години по Куп натпревар кој го добија и да се прават жртви дека некој намерно ги повредил ?!?!? Зошто од домашната екипа е тргнат од Youtube полуфиналниот натпреварот од 25.04.2023 каде се слушаат само навреди и закани а ќе биде објавено видео од 26 секунди во прилог на ова соопштение. На Мила Талевска и посакуваме што побрзо да се врати на терените и успешно да ја продолжи кариерата – напишаа од ЖФК Деспина.
Женскиот фудбал во Македонија е на ниско ниво, а ваквите вести само дополнително го рушат имиџот на клубовите и девојките кои решиле да се занимаваат со овој спорт.