СВР Битола поднесе кривична пријава против П.П.(35) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 09.02.2023 во Македонски Брод, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом , при што пронашле и одзеле пет куршуми калибар 7,9 мм, седум рамки од автоматска пушка и 90 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм – информираат од МВР.