Британците гласаа за напуштање на ЕУ

Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ, објави утрово Би-Би-Си.

Brexit text with British and Eu flags illustration

Според се уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите.

Во овој збир, во кој недостуваат резултатите од уште пет изборни окрузи, привзраниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион побројни од оние кои се изјасниле за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ. За разлила од нив, жителите на Велс се изјаснија за Брекзит.

По објавувањето на првичните резултати од гласањето, прв се огласи лидерот на Партијата за незавиосност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, кој изјави дека „победата на приврзаниците за напуштање на ЕУ е неизбежна“.

– Сега верувам во нашата победа, изјави Фараж за Би-Би-Си, додавајќи дека британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. – Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.