Овој кинески десерт брзо се подготвува, а вкусот е магичен. Треба да знаете дека треба прво да ги измешате сувите состојки, а потоа да додадете вода, и на крајот во смесата да ги додадете бананите. Додека маслото се загрева, бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.
Потребни состојки: 3 банани, 2 лажици брашно, 1 лажица пециво, малку сода бикарбона, сол, вода, масло.
Измешајте го брашното со прашокот во пециво, содата бикарбона и солта. Додајте малку вода така што ќе добиете густа меса, околу половина шолјичка. Водата ставајте ја многу постепено. Бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата. Пржете во загреано масло.
На крајот можете да послужите со мед, сладолед или џем.