Брз и едноставен рецепт: Чоколадни коцки од само две состојки кои ќе ве освојат

Aко посакувате нешто слатко, не морате да вадете миксер и да пуштате рерна. Овие здрави и едноставни чоколадни коцки се идеални за деновите кога немате доволно време за подготовка на десерт.

Потребни состојки:

225 грама чоколадо со 70% какао
120 грама путер од кикиритки

Подготовка:

Растопете го чоколадото на пареа па помешајте го со путерот од киткиритки. Смесата ставете ја во силиконски калап за мраз. Ставете во замрзнувач и оставете да се стврдне.

Добар апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.