Брачна двојка од Луизијана, чистејќи го својот стан пред Денот на благодарноста, пронашле добитно ливче од лотарија.
Тина Еренберг истакна дека пронашла многу ливчиња во ноќното орманче за време на чистењето на домот, кој го подготвувале за семејна прослава на Денот на благодарноста.
Едно од пронајдените ливчиња, речиси две недели пред истекот на рокот, имало добивка од 1,8 милиони долари.
– Ги проверивме бројките безброј пати, изјавил Харолд Еренберг.
Тој додал дека постојано очекувале нешто лошо да се случи пред официјално да ја земат наградата.
Двојката живее во Мандевил, гратче во близина на главниот град Батон Руж.
По одбивањето на државниот и сојузниот данок, ќе им останат 1,3 милиони долари, кои ќе ги чуваат за пензионерски денови.
– Не планираме некои огромни пазарења, ниту големи патувања, рекла госпоѓата Еренберг.