Веста за бебето кое се роди под урнатините во Сирија го обиколи светот. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво.
Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето.
-Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот, со солзи изјавила младата жена за Аваз.
Мајката на бебето почина, а тоа нема други преживеани членови од семејството.