Со голем собир во селото Могилец кај Македонски Брод, на ден пред Илинден беше осветен свет крст, чии ктитори се брачниот пар Стојанче и Јагода Илијоски, жители на ова село.
Крстот е со височина од 6 метри и ширина на краците од 3,4 метри, а истиот се градеше од 1 јуни.
Стојанче Илијоски упати голема благодарност до војниците од кичевската касарна, кои подготвиле оброк за присутните гости на ова осветување.
За тие што не знаат селото Могилец се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска. Селото е ридско и се издига на надморска височина од 710 метри.