Пожртвувано, храбро, до последен здив … вака се игра и вака се сака Македонија. Браво момци, Македонија се гордее со вас, вие сте нашите херои.
Иако загубија со 25:29, македонските репрезентативци им одржаа лекција на фаворизираните Шпанци. Вака поминува секој кој ќе ги потцени Македонците и предвреме ќе ги отпише.
Македонија го контролираше натпреварот цели 50 минути и имаше одговор за секој потег на Шпанија. Во клучните моменти од натпреварот сепак среќата ни го сврте образот, па цели 5 минути не постигнавме погодок, период во кој Шпанија ја искористи шансата и замина на 5 гола разлика.
Но, оваа победа беше можеби и најслатка за Шпанците, кои се радуваа на секој постигнат погодок, тоа се гледаше од нивните лица, се гледаше и во лицето на тренерот на клупата на Шпанија.
Македонија одигра со срце и покажа колкава е македонската гордост и квалитет!
Со ваква игра, позитивен резултат против Исланд е речиси загарантиран.
Кај нас капитенот Лазаров постигна 6 погодоци, а одличен беше Никола Маркоски со 5 и Миркулоски со 4 погодоци.
Кај Шпанија незапирлив беше Ривера кој постигна 11 погодоци од 14 удари, а одлично одигра и играчот на Вардар, Алекс Душебаев, кој постигна 5 погодоци.
А.Г.