Mладата екипа на прилепски Мега Баскет забележа голема победа на гостувањето во Охрид со 58-69. Дечките кои играат одлично, тренираат и се трудат за постигнат голем успех, се надежта на прилепската кошарка и момци кои треба наскоро да го предводат прилепскиот тим кон Супер лига.
За жал многу малку се зборува за нив, дома играат во училишна сала како и сениорскиот тим, спонзорствата се често недоволни, а за нивниот развој во идни репрезентативци треба далеку поголеми вложувања, како од бизнис секторот, така и од општината.
Ајде да направиме сите заедно повеќе за овие деца, публиката нека ја полне трибината во ООУ “Добре Јованоски” редовно, општината нека оддели повеќе за младите спортисти и нека се заангажира Прилеп конечно да си ги врати и да ги стави во функција големите спортски објекти, а бизнис секторот нека “брцне” во џебот. Затоа што овие деца заслужуваат многу повеќе, а Прилеп заслужува кошаркарски суперлигаш.
























