Браво за наставниците, браво за учениците! Детската недела во октомври ќе се одбележи со голема хуманитарна акција во ООУ “Блаже Конески” Прилеп

Учениците од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, со помош на своите наставниците организираат хуманитарна акција насловена како „Малку е многу“, а по повод Детската недела во месец октомври.

​По повод Детската недела во месец октомври, ние учениците со помош на нашите наставници ќе организираме низа на активности:

– приредба со музички настапи, при приемот на првачињата во Детската организација;
– работилница за хаику поезија под раководство на родител, хаику творец;
– спортски игри;
– креативни работилници;
– дебата;
– ликовни работилници;
– работилница за негување на македонските ора,… и уште многу нешта.

​Акцентот е ставен на ученичка иницијатива за организирање и реализација на хуманитарна акција „Малку е многу“ со цел вклученост на поголем број лица со донации според можностите. На овој начин се воспоставува соработка помеѓу училиштето бизнис секторот, локалната заедница, родителите и самите деца.

„ Малку е многу “ биди и ти дел од акцијата, ве чекаме.

Сите граѓани ќе можат да донираат: облека, обувки, училишен прибор, храна, средства за хигиена и стари книги за деца, а донациите ќе се собираат на 8.октомври во училиштето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.