Студенти од студентскиот дом “Стив Наумов” направија десетина куќарки за кучињата скитници кои живеат во дворот на домот.
Нека ова биде поттик за сите дека големи дела се прават со многу љубов, а не само со многу пари.
“За да бидеш голем, треба да го почитуваш и најмалиот!” е мојата новогодишна порака упатена кон сите вас, дечки кои помогнаа за овие наши другарчиња конечно да си имаат место за одмор, јадење, пиење и спиење. Ова е мотив за уште повеќе луѓе да иницираат општествена одговорност. Годината ја завршуваме со добро дело. Дел од работната атмосфера од изминатите денови. Благодарност до вработените од Стив и до сите студенти кои помогнаа”, напиша Јоана Манојловска на Фејсбук групата од домот “Стив Наумов”.