Борисов: “Замислете јас да му пуштам некој шпиyн на Путин да му врбува луѓе”

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја никогаш не била заложник на притисоци кога е во прашање протерувањето на руските дипломати.

Тој тоа го истакна поради информациите дека бугарските власти протерале еден руски дипломат поради сомнеж дека се занимавал со шпиунажа.

“Претседателот Путин ме знае многу добро, тој исто така знае дека јас не сум подложен на притисоци. Koга на сите им наредуваа да протеруваат дипломати, јас тоа не го направив”, вели Борисов и додава:

“Меѓутоа, сега фативме еден дипломат кој се занимава со шпиунажа и моментално решив да ја средам работата. Замислете јас да испратам некој свој човек кој во внатрешноста на администрацијата на Путин би врбувал луѓе, протерувањето би било најблагото нешто што би се случило”, вели Борисов.

Потсетуваме дека, амбасадата на Русија во Бугарија доби нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија со која вработен во амбасадата се прогласува за “персона нон грата”, а дипломатот ќе ја напушти земјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.