Со излегувањето од Европската Унија на 31 октомври Британија ќе стане најдоброто место во светот, рече вчера Борис Џонсон пред британскиот парламент, за прв пат во улога на премиер.
“Нашата мисија е да го спроведеме Брегзит до 31 октомври со цел да ја обединиме и да ја обновиме нашата прекрасна Велика Британија и да ја направиме земјата најдобро место во светот”, истакна Џонсон, пренесува Ројтерс.
Тој повтори дека ќе ја “извлече” Британија од ЕУ со или без договор, наведувајќи дека условите од договорот не се прифатливи за британскиот парламент и за земјата.