Најпопуларната пејачка на Балканот, одсекогаш ја красела неверојатна убавина, за што докажува една фотографија од минатото.
Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најубавите и најзгодните дами на сцената. Покрај музичкиот талент, пејачката редовно ги воодушевува своите фанови со својот целокупен изглед.
Цеца од секогаш се смета за една од најатрактивните девојки на овие простори, кон нејзиниот стил, години наназад се стремат многу припаднички на понежниот пол, а една стара фотографија која се појави на Инстаграм, докажува дека музичката ѕвезда одсекогаш изгледала прекрасно.
Се работи за насловна страна на еден магазин од 1991 година, на која згодната Цеца позира во бикини.
На нејзина сметка стигнаа многу позитивни коментари од одушевените фанови, за тоа како изгледала пејачката пред 26 години.