Боксерици од 188 евра, чорапи од 45: Запознајте го Македонецот Шеки кој живее во знакот на “Версаче”

61280330-shenki-maslani

Целиот свет пишува за Шеки Маслани од Македонија. Дури и британскиот “The Sunпосвети статија за ова 30-годишно момче од Македонија, а сето тоа поради неговата опсесија со “Версаче”. Тој живее во скопско Арачиново, а апсолутно се’ што поседува е во знакот на “Версаче”.

12417754_198037063918962_6291592330734019899_n

Кога велиме се’, мислиме на автомобили, ентериерот на неговиот дом, облеката….

“Опседнат сум со Версаче од 2009 година. Започнав да купувам облека, а во мојот дом опремив буквално се’ со “Версаче”. Од подот, до бањата. Освен тоа, тука се и автомобилите и базенот, мојот накит, козметика, постелнина, теписи…. Не постои нешто што не е “Версаче”.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Дури и моите тајнири се “Версаче”, тоа е мојот живот”, вели Шеки за медиумите, а пренесува The Sun.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Поголемиот дел од работите ги купил од Италија, а според медиумите потрошил околу милион евра на својата опсесија. “Го живеам мојот Версаче сон и не ми е жал да платам 188 евра за боксерици или 45 евра за чорапи”. Планира  да отвори кафич во Скопје, кој исто така ќе се вика “Версаче”. Освен тоа, планира да го промени и своето презиме.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.