Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот Стефан Лазаров…

-Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…

Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!

П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!

П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!

Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров! – напиша Јовановски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.