Бозоски успешно го заменува Јовчески (ФОТО)

Во отсуство на градоначалникот Борче Јовчески, кој е на службено патување во Шведска, заменик градоначалникот Диме Бозоски, деновиве ја застапува и институцијата и навистина ја оправда довербата која ја доби од првиот човек на општината.

Бозоски вчера и денеска ги посети сите училишта во Прилеп и населените места, каде на сите првачиња кои ја започнаа оваа учебна година им беше поделен школски прибор како еден мал знак на внимание, а заменик градоначалникот ги поздрави сите нови ученици кои за првпат седнуваат во училишните клупи, им посака успешна учебна година, многу нови другарчиња, но секако учењето да биде во прв план.

Оваа година, Општина Прилеп обезбеди бесплатен оброк за сите ученици од прво и второ одделение. Оваа мерка е со цел да се намали трошокот на родителите, но исто така и децата да стекнат навика за здрава исхрана.

Бозоски деновиве е присутен и на сите спортски и културни случувања, и се покажа како вистински репрезент и достоен за функцијата која ја извршува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.