Божијот храм Св. Илија во село Писокал широко ги отвара портите за Илинден: Недопрениот мариовски крај и прекрасната природа се покана за сите верници

По повод големиот христијански празник Св. Илија Илинден, истоимениот манастир во с. Кален мариовско широко ги отвара портите за верниците.

Божјиот храм сместен во живописната природа на мариовскиот недопрен регион и оваа година очекува голем број посетители, кои заедно ќе се помолат и ќе го прослават духот на Илинден.

Божествена литургија ќе се одржи на 1-ви август со почеток од 19:00 часот и на 2-ри во утринските часови со почеток од 07:00 часот.

Четворицата домаќини со радост ги покануваат верниците и сите добронамерници да дојдат во овој прекрасен храм, каде во изминативе неколку години доста се промени.

Храмот блеска од убавина, а природата на Мариовскиот регион е дополнителен декор на празничниот амбиент.

За забавата на гостите ќе се погрижат музичарите од битолската група “Плетенка”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.