Богатството брат и сестра: Потпора, поддршка, љубов и разбирање кое трае цел живот

Нивниот однос минува низ различни фази: од игнорирање и ривалство во детството до најсилна поддршка и потпора во позрелите години.

Во детството најчесто се сложуваат како „куче и маче“, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Поинаква од сите останати. Братот и сестрата се сакаат на најпосебен начин, дури и кога гласно се расправаат. Тие кои ја немаат привлегијата, можат да им завидуваат. Овој однос често има пресудно значење и за сите други односи кои тие ќе ги имаат во животот.

Љубота меѓу братот и сестрата е специфична и минува низ повеќе фази. Во детството доминира нетрпеливоста придружена со неразбирања и љубомора, затоа што децата се борат за вниманието на родителите. Девојките често се понежни, па затоа возрасните често се поблаги кон нив и ги фаворизираат затоа што се понежни, а на момчињата тоа им оди на нерви. Во оваа доба, тие најчесто се груби, знаат да ги сопнат, да ги удрат, им викаат дека се „доадни“, а девојчињата тоа го доживуваат многу стресно. Ги боли тоа што братчето не сака да си игра со нив, па често и плачат. Но, ни тие не се толку невини во ситуацијава. Понекогаш уживаат кога ги издаваат своите браќа на своите родители или сакаат да ги шпионираат своите браќа.

Психолозите велат дека тоа често се случува и во пубертетот, кога браќата и натаму се незаинтересирани за дружење со сестрите и таа далечина е уште позабележлива. Но, девојчињата сега се посилни, па им го возвраќаат ударот. Сега и тие ги игнорираат своите браќа, не се трудат да се борат за нивното внимание, дури и намерно се однесуваат во спротивност со однесувањето на враќата. Тој процес се случува како последицата на желбата да бидат поинакви. На тој начин всушност се носат со меѓусебното ривалство. Тоа и го објаснува фактот што во семејството обично едното дете е мирно и послушно, а другото е бунтовно и настроено да се расправа.

Меѓутоа, тука се виновни и родителите, затоа што уште од мали се обидуваат да ги раздвојат, настојувајќи да ги задоволат културолошките и родови барања. Ќерките ги третираат како принцези, а синовите како јунаци, па затоа и тие се гледаат едни со други од сосема спротиставени позиции.

Со текот на времето тоа се менува, затоа што како што растат, братот и сестрата, сфаќаат дека немаат подобри пријатели од тие самите. Почнуваат да излегуваат заедно, слушаат иста музика, создаваат заеднички пријателсва. Браќата секогаш се заштитнички настроени, но со текот на времето оваа нишка станува уште поизразена. Сестрите така знаат дека имаат некој кој им го чува грбот, па тоа им дава чувство на сигурност.

Затоа и се вели дека понекогаш подобро е да имаш брат отколку да бидеш суперхерој. Сестрите, од друга страна, се најголема поддршка на братот, а нивната љубов е најсилна на светот. Нивната поврзаност добива сосема нови нивоа во подоцнежните години, особено кога родителите повеќе ги нема, па уште повеќе се вртат еден кон друг за утеха и поддршка.

Иако имаат свое семејство и свој живот, братот и сестрата секогаш се тука едни за други. Тоа е посебна љубов која не се споредува со ништо друго на светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.