Блесна нов храм во Прилеп: Осветена црквата “Св. Пантелејмон”

_MG_8641

По повод верскиот празник Св. Пантелејмон, кој е на 9-ти август и е храмов празник на новоизградента црква „Св.Велемаченик Пантелејмон“, во дворот на Градската Болница „Борка Талески“ во Прилеп, денеска се изврши осветување, на црквата. Со чинот на осветувањето чининачалствуваше митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско новозеландски г.Петар во сослужение со прилепското архиерејско намесништво ,поддржано со хорското пеење на хорот „Св.Петка“. Црквата „Св.Велемаченик Пантелејмон“, е со димензии 10 на 7 метри. Таа е еден од трите верски храмаови што последните неколку години се изградени во Прилеп.

_MG_8585

_MG_8467

 

_MG_8300

_MG_8270

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески наскоро најави осветување  на уште  една црква, на влезот во Прилеп,  во близина на  Могилата, која го носи името на Свети Наум Охридски .

_MG_8244

_MG_8189 - Copy

_MG_8174

Инаку, темелите на црковниот храм „св.Велемаченик Пантелејмон“, во кругот на прилепската болница беа поставени, на 19-ти април 2012 година. Идејата за нејзина изградба беше втемелена уште пред четири години, во деталниот и генералниот урбанистичка план на општината, по барање на верниците. Црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и лекарите, со донација од општинскиот буџет и многу верници, кои на различен начин помогнаа и придонесоа за нејзината изградба и за нејзиното, големо осветување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.