Битолчанка украла паричник во казино, прилепчанец пак фатен како краде во автомобил

На 07.04.2025 во 03.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода С.А.(30) од Битола поради сомнение дека извршила кражба во казино на ул.„Широк Сокак” во Битола, при што одзела паричник со пари во различни апоени.

На 07.04.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што на ул.„Драган Талески“ во Прилеп извршил кражба од паркирано патничко возило.

Украденото е вратено на сопствениците, а по документирање на настаните против лицата ќе следуваат соодветни пријави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.