Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го освои трофејот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во големото финале беше подобра од домаќинот Прилеп со резултат 26-32, иако прилепчани го добија првиот дел од натпреварот со 17:15
По завршувањето на натпреварот, беа врачени и специјални признанија – Камер Металари доби благодарница за неговата долгогодишна поддршка и придонес во организацијата на турнирот, а на Пеце Велјаноски – Стипе, истакната легенда на прилепскиот ракомет, му беше доделена награда за животно дело.
Покрај тоа, беа избрани и најдобрите поединци на годинашното издание.
-Димитар Димитриоски од Прилеп беше прогласен за најдобар стрелец.
-За најдобар голман беше издвоен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2.
-Признанието за најкорисен играч (МВП) му припадна на бекот на победничката екипа, Христијан Митревски.