Независната советничка група “Поинаку”, бара Советот на општина Битола да донесе закклучок со кој ќе побара Владата да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Битола, како и одлука за замрзнување на цената на струјата.
„Битола како најголема жртва во Македонија од производството на електрична енергија не смее и нема да има поскапа цена за електрична енергија. Напротив, Битола мора да има субвенционирана струја поради последиците кои ги трпи од РЕК – Битола. Поради превенција од коронавирусот, мислиме дека не е време да повикуваме на протести и масовни собирања и затоа уште еднаш ќе побараме по институционален пат.
1.Советот да донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.
2.Советот да донесе заклучок со кој бара Владата на Република Македонија да донесе одлука со која се замрзнува цената на електричната енергија и останува иста како на ден 30.07.2020г. заради настанатата состојба со пандемијата со ковид-19 и економската криза во која се наоѓаат граѓаните“, пишуваат од “Поинакy”.