Битолчани именуваа улица по Петровска, побараа Пендаровски да ја отвори (ФОТО)

Битолчани денеска изведоа перформанс лути што цела година градоначалничката Наташа Петровска не може да реконструира 500 метри улица.

Скоро цела година Петровска не е во можност да ја заврши реконструкцијата на улицата Климент Охридски.

Таа е единствената улица која во две години Петровска се одважи да ја реконструира.

Предлогот на битолчани е овие 500 метри улица да се преименуваат од “Климент Охридски” во “Наташа Петровска”

Битолчани денеска побараа Пендаровски свечено да ја “пуштија во употреба” улицата за која се сомневаат дека Петровска некогаш ќе ја заврши.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.