Росиние вото дело „Севиљскиот бербер“ се враќа на големата сцена во ХНК Сплит, под водство на маестро, диригентот Иван Хут, а во режија на Крешимир Доленчиќ, екипа која е предодредена за успех. Кога овде ќе се додаде и баритонот Давор Неќак, битолчанецот кој реди успех по успех, солист на Хрватскиот народен театар во Загреб, а е овојпат во улогата на Фигаро, веќе знаеме дека за овие изведби ќе се бара карта повеќе.
Премиерата е во петок, 13.март.
„Кога ме контактираа од ХНК Сплит и дознав дека имаме само две недели проби пред првата представа – не ми беше сеедно. Да дебитирате со главната улога е голема одговорност – а две недели е краток период. Но со одлична и детална припрема пред првата проба, успеавме заедно со колегите да ја поставиме целата представа. ХНК Сплит има прекрасни професионалци кои ми помогнаа да напредувам во улогата, театарот е прекрасен и има совршена акустика. Би бил среќен повторно да гостувам тука “, вели Давор и додава: Фигаро е улога која секој млад баритон ја посакува, всушност би се осмелил да кажам дека таа е првата “круна” во кариерата на баритонот. Напишана е доста високо која ја прави технички комплицирана, а посебен предизвик е да ја пеете мож еби најпознатата арија на светот – Ларго ал фактотум.

Росини не е само еден од најпочитуваните италијански и светски оперски композитори, кој создавал со моцартова леснотија и брзина, туку е и автор токму на најпопуларната комична опера на сите времиња – „Севилскиот бербер“. Неговиот неисцрпен извор на мелодиска инвенција го промени оперскиот свет, и ако на тоа
ја додадеме неговата постојана ритмичка живост, зачудувачка оркестрација, не е ни чудо што ужива во два века популарност.
Изведбата на ова дело е на 13. и 16. март токму во Сплит е совршен избор, затоа што како што велат: „Севилскиот бербер“ како да е напишан по мерка за град каков што е Сплит.
Неќак покрај оперскиот репертоар и улогите што ги изведува во својот матичен театар, ја негува и македонската традиција, а изминатите месеци беше со веќе со пополнет репертоар. Тука беше настанот „Глазбени те зове“, свечен гала-концерт одржан во Хрватскиот народен театар во Загреб, со кој се одбележа почетокот на 200-годишнината на Хрватскиот музички завод , “Еро сонога свијета” популарното дело на Јаков Готовац , каде го изведе ликот на Млинарот Сима, „ Кармина Бурана “ каде настап и со оркестарот на Загребачката Филхармонија , под диригентска палка на Иван Шчепановиќ , изведена во „Ватрослав Лисински“ .
На Давор му посакуваме успешно деби и уште многу вакви оперски предизвици.
























