Битолчанец бил претепан од човек на кого му должел 30 илјади денари па исплашен за својот живот го пријавил насилникот во полиција.
Според изјавата на С.Ш. (39) од селото Ивањевци, во саботата околу 19 часот во кафеана во селото дошол Д.Н. од селото Чарлија од кого имал земено 30 илјади на заем.
Со него биле и неговит брат и уште едно лице. Тие го замолиле да излезе надвор за да разговараат, а потоа тој самиот влегол во автомобилот на З.Н. со кој заминале за селото Долно Оризари. Штом стигнале пред куќата каде З.Н. престојувал под кирија, приказната добила поинаков тек.
Должникот бил нападнат и тепан со тупаници по телото, парите во паричникот, околу 1.600 денари, му биле земени, а на крајот му била исечена и косата како предупредување.
Тој добил рок од 24 часа да врати не 30 туку 90 илјади денари, а во спротивно ќе бил ликвидиран. На С.Н. не му останало ништо освен да го пријави случајот во полиција бидејќи немал пари за да се раздолжи. Од битолската полиција нема информација дали осомничените се приведени и дали и какви пријави се поднесени против нив.