На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола.
Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.
Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела.
Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.