Претставата „На отворено море“ во изведба на НУ. Народен Театар Битола, во режија на Благој Мицевски, синоќа ја воодушеви публиката на фестивалот Direction East во Бјалисток, Полска.
„Беше брилијантно, апсурдно и актуелно во исто време“, истакнуваат од фестивалот. Меѓу бројната публика беше и македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил.
Претставата е направена по делото на Славомир Мрожек, а во истата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.
Драматург на претставата во која се поставува за тоа каде е човештвото денес, е Оливера Павловиќ. Костимографијата е на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев, музика Александар Димовски, светло Игор Мицевски, видео Владимир Переловски, дизајн на рекламен материјал: Сашо Илковски. Инспициент Димитар Михајловски, суфлер Гордана Михајловска.
После изведбата следуваше разговор со екипата на претставата и публиката.
Фотографии: Бартек Варзеча