Министерот за Локална самоуправа во Владата, Горан Милевски на Фејсбук објави дека биле одобрени 5,7 милиони денари за изградба на голф вежбалиште во Охрид.
„Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи“, напиша Милевски.
Милевски напиша дека иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид.