Градоначалниците од 19 општини од целиот Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја започнаа Алијансата на „зелени“
градоначалници, регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка.
Потпишувањето се одржа на Форумот на „зелени“ градоначалници во Драч, во организација на OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот истакна: „Проектот „Сончеви училишта“ и слични иницијативи покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата. Општината истражува неколку зелени решенија, вклучувајќи електричен јавен превоз и изолација на стари згради. Нашата цел е да ги подготвиме граѓаните да се снајдат во
иднината на праведен и одржлив начин“, посочи Коњановски.
Општина Битола е позиционирана високо од градовите на Западен Балкан, според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија, беше истакнато на конференцијата.