Следуваат денови на женскиот фудбал и националната репрезентација. Пред нас е двомеч меѓу Македонија и Унгарија, а Битола и стадионот „Петар Милошевски“ пак ќе бидат дом на нашите најдобри фудбалерки. Како минатиот месец против Андора, така и сега против Унгарија, се очекува голема поддршка, позитивни вибрации и победа.
Првиот меч против Унгарија е на 14 април во 16:00 часот во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Влезот е слободен.
Реваншот е четири дена подоцна во Унгарија.
























