“Битола на Драгор”, проект кој може да го направи градот на Конзулите најубав во Македонија, само кој да виде и слушне (Видео)

За тој што не знае Драгор е река која настанува од повеќе помали реки кои извираат од Пелистер и која тече низ Битола.

Кој би во Битола знае дека коритото на реката не секогаш изгледа убаво. Често има расфрлан најразличен отпад, а тоа особено е видливо кога има големи врнежи, а Драгор носи во Битола големо количество на пластика, различен отпад, но и остатоци од електрични апарати и мебел.

„Битола на Драгор“ претставува формирање на нова урбана поента во центарот на Битола, во продолжетокот на оската на Широк Сокак, преку редефинирање на односот на градот кон реката Драгор, односно нејзиното вклучување во градскиот живот како елемент од генеричко значење за формирањето на самото јадро и на амбиентот на Битола.

Видеото кое е објавено на “Jутјуб” e oд 2015 година, но одново станува актуелно помеѓу битолчани кои го споделуваат на социјалните мрежи.

Проектот подразбира воведување на сообраќаен режим и дислокација на дел од булеварот „1 мaj”, што овозможува формирање на платформа на поврзување на содржините од двете страни на реката Драгор, а преку постепено спуштање на теренот од паркот кон реката се креира квалитетен простор за релаксација на Битолчани.

Формирањето на крајречен пејсаж подразбира физичко приближување на реката кон граѓаните преку интервенција врз нејзиното корито. Станува збор за воведување на каскадно спуштање кон коритото по принципот на креирање топографија која од различни правци го спушта посетителот до реката.

Преку интерполација на павилјони во теренот, крајречниот простор поприма додатни содржини кои ја акцентираат урбаноста на просторот.

Идејата строгиот градски центар да се претвори во исклучиво пешачка зона – ориентирана и отворена кон реката, го нагласува јавниот карактер на интервенцијата.

Автори на проектот се Дејан Томски и Мила Рориќ.

Погледнете за што се работи:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.