На 24.06.2024 во 13:45 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување е пријавено дека во старата касарна зад јужната трибина на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола се пронајдени 10 артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна, информира МВР.
Гранатите биле безбедно подигнати и обезбедени.