Од полицискиот билтен со дневни настани на МВР
-На 14.02.2023 во 18.15 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, со Наредба од Основен суд Битола, го привеле Б.А.(30) од Битола. Тој бил баран по потерница за издржување на затворска казна за извршени неколку кривични дела тешки кражби. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
-На 14.02.2023 на ул.„4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Љ.П.(37) и В.К.(35), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин и таблета. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-На 14.02.2023 на место викано „Карамански пат“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода П.Д.(31) и Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.