На Плоштадот Магнолија, со официјалниот почеток со работа на лизгалиштето, беше отворено четвртото издание на „Зимска приказна“.
Стартот на програмата го означија балерини со уметнички танц на мраз, по што следуваше настапот на танцовиот спортски клуб „Експоуз“ од Битола и повеќе музички изненадувања.
Водител на настанот беше Мими Марковски, познат како „Мими со југото“, а посебна радост за најмладите беше Дедо Мраз.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја најави прекрасната програма, во која битолчани ќе можат да уживаат на повеќе од 10 локации, се до 6 јануари.