Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.
Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.
Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.