Битола добива своја зимска магија – пристигнува и професионално лизгалиште на плоштадот “Магнолија”

„Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“ – а оваа година таа магија ќе биде поголема од кога и да е!

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски, го најавија највозбудливиот дел од годинешната Зимска приказна – професионално лизгалиште кое ќе биде поставено во срцето на градот, на плоштадот Магнолија. Од 20 декември, сите граѓани и посетители ќе можат да уживаат во забава на мраз во текот на целиот месец – до 6 јануари!

Што следува?
Од овој викенд започнуваме со техничките подготовки и поставувањето на лизгалиштето. Просторот на плоштадот ќе биде привремено адаптиран, па ве замолуваме за трпение и разбирање додека се креира оваа празнична атракција која ќе донесе радост и возбуда за сите генерации.

Зошто е ова посебно?

За првпат, Битола добива професионално лизгалиште – место каде што децата ќе ги прават првите чекори на мраз, младите ќе уживаат во дружби, а возрасните ќе се потсетат на радоста на празниците. Оваа нова атракција е дел од Зимска приказна, фестивалот кој ја претвора Битола во вистинска празнична туристичка дестинација.

Oд општина Битола упатуваат голема благодарност до сите битолски компании, кои застанаа зад овој проект и го поддржаа фестивалот, кој ги надминува границите на градот.

-Со заедничка поддршка, ја претвораме Битола во центар на празничната магија.Од 20 декември до 6 јануари – ве очекува лизгалиштето на плоштад Магнолија. Празниците живеат во Битола на Зимска приказна – бидете дел од оваа волшебна зимска приказна – порачуваат од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.