Според неофицијалните информации кои од синоќа ги објавуваат медиумите, Битола ќе добие две министерски места во новата Влада на Димитар Ковачевски.
Информациите говорат дека лидерот на ЛДП, Горан Милевски, ќе го задржи местото во Министерството за локална самоуправа, а нов министер за култура ќе биде пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Новиот предлог владин состав на Ковачевски најпрво вечерва со почеток од 20ч. треба да го помине партискиот филтер, а веќе утре ќе стигне и до Собранието.
За разлика од Битола, Прилеп најверојатно нема да добие ниту еден ресор, но неодамна Општинската организација на СДСМ во овој град доби свој претставник во Извршниот одбор на партијата.
Се работи за Ивона Кузмановиќ, млад кадар на партијата која ја има главната улога при одлучувањето во еден од најголемите партиски ограноци.