Битола го има градоначалникот и за следните 4 години (Фото галерија)

Следната година е изборна и треба наесен да се случат локалните избори за избор на градоначалници и Совети.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола на координација за претстојните локални избори реализира средби со своите членови во месните комитети.

Деновиве такви средби се случија во месните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Стевче Патако“, „Борис Бастеро“, „Коле Канински“, „Коле Лачето“, „Вангел Мајоро“, „Александар Турунџев“ и „Велко Влаховиќ“

Од паријата велат дека огромна е поддршка за градоначалникот Тони Коњановски.

„Подготвени за голема победа на претстојните локални избори“ велат од партијата.

А, деновиве во интервју за Актуел на Тера телевизија, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски прашан за тоа дали имаат ново име за градоначалник, рече дека апсолутната поддршка ја има актуелниот градоначалник на Битола за уште еден мандат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.