Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес во домот на осомничениот на 8 април, во стан на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола, полицијата пронашла 24,77 грама марихуана, во стаклена тегла скриена во бебешка количка.
Осомничениот, како што информираат од ЈО, дрогата ја препродавал на наркозависници од Битола, за што е обезбеден доказ и во форма на вербални искази на сведоци, кои во периодот од 06.12.2021 до 08.04.2022 година набавувале марихуана и амфетамини од осомничениот.
Поради опасност од бегство на осомничениот, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото, јавниот обвинител пред надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор