Битиќи уверува: Во брзо време ќе имаме минимална плата од 18.000 денари

Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари ќе се случи во брзо време, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“.

Според него, дијалогот е тој што детерминира кога тоа треба да се случи.

Нема да одговорам во време, но многу брзо ќе се случи покачувањето, информира Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека време на пандемијата државата успеа да задржи 60.000 работни места.

Факт којшто не треба да се занемари. ММФ пред само месец и половина кажа дека ако не беа економските мерки на владата во Македонија, најверојатно ќе беа изгубени 60 000 работни места, наведе Битиќи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.