Старите Грци и Римјани ја нарекуваа „ros maris“ или „морска роса“, а оваа билка по своите лековити својства е позната уште во древните времиња и била посветена на божицата Афродита. Кај нас е позната како рузмарин.
Во времето кога демнела чумата, луѓето носеле гранчиња рузмарин за да се заштитат од заразата.
Во средновековните книги поради горчливите материи што ги содржи ова растение се препорачувало кај тегобите со варењето. Тој бил познат по неговиот закрепнувачки ефект што го има врз крвотокот. Се препорачувал по тешки болести и за закрепнување на срцето во староста, најчесто во облик на вино од рузмарин.
Новите истражувања покажуваат дека ова растение е силен антиоксиданс што го забавува процесот на стареењето.
Рузмаринот содржи флавиноиди што ја поттикнуваат циркулацијата, ги зајакнуваат капиларите и го подобруваат протокот на крв во вените, а тоа ја објаснува традиционалната употреба на рузмарин за подобрување на помнењето и концентрацијата, потоа против главоболка, како и за поттикнување на растот на косата. Рузмаринот делува смирувачки на варењето па се препишува за проблеми со цревата, како што се проблеми со варењето, грчеви во желудникот и затвор. Истражувањата покажаа дека екстрактот од рузмарин го засилува лачењето на жолч, а тоа е важно за варење на мастите.
Второто истражување, обвјавено во 1995-тата покажа дека тоа растение е диуретик и дека го ослободува црниот дроб од отровните материи. Рузмаринот е ефикасно противвоспалително сретство. Има антибактериско дејство и поволно дејствва на искашлувањето оа може да се употреби и за лекување на инфекции на бронхиите, ушите, носот и грлото. Освен тоа, тој е ефикасно средтсво за зајакнување кај општиот замор.
За надворешна употреба маслото од рузмарин се разблажува со неутрално масло, како што е сончогледовото масло, па се употребува за втриување кај болките во мускулите, ишијасот и ревматичните тегоби. Ако во водата за бањање додадете чај од рузмарин тоа ќе ви помогне при ублажување на ревматизмот.
Екстрактот од рузмарин ја поттикнува циркулацијата на темето па се наноси на кожата од темето како сретство за спречување на прераната ќелавост. Исто така ефикасна е и за лекување првут.