Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, по кратко време поминато во претседателската канцеларија ги донесе првите одлуки.
Сите амбасадори на САД се отпуштени без да се именувани нивни замени, пренесува влијателниот англиски медиум “independent“.
На 23 декември, неговиот тим извести дека нема да има исклучоци, без разлика на одлуките на останатите претседатели, оваа одлука ќе се однесува и на амбасадорите кои имаат мали деца.
Ова беше очекувана одлука, односно политички именуваните амбасадори да добијат оставка со доаѓањето на новата администрација. Но невообичаено е тоа што не се именувани нивните замени.
Околу 80 амбасадори од држави и агенции – како и амбасадорот за глобалните проблеми на жените, се отпуштени со една одлука, пренесува “independent”.
Со овој потег, многу држави со месеци ќе останат без претставници потврдени од Сенатот, со што на некој начин ја прекинуваат врската со претседателот, а некои од овие држави имаат сензитивни релации со САД.
Меѓу државите кои останаа без амбасадори се и Германија, Велика Британија и Канада, како и други клучни сојузници на САД. Исто така, држави како Кина, Индија, Јапонија и Саудиска Арабија ќе чекаат на замени.