Основачот на компанијата “Мајкрософт” и вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, вели дека оваа година беше лоша, но смета дека пристигнуваат добри вести за 2021 година.
“Над 1.6 милиони луѓе ги загубија животите за време на пандемиjaта од кopoнавиpycoт, над 75 милиони беа зapaзени, а економската штета се брои во трилиони долари. Милиони луѓе останаа без работа и имаа големи проблеми за да ги платат сметките, а над милијарда деца го пропуштаат клучното време за да се стекнат со образование. САД оваа година беше сведок и на настаните поврзани со Џорџ Флојд и Бријана Тејлор, деструктивните шумски пожapи и претседателски избори кои беа навистина чудни”, напиша Гејтс во својот блог “Gates notes”.
Меѓутоа, тој тврди дека работите ќе се подобрат во 2021 година.
“Сепак, во следната година ни пристигнуваат добри вести. 2020 година ја поминав со колегите во Фондациите ширум светот, барајќи решение како да се подобри тестирањето и да се спречи Koвид-19. Koга ќе помислам на прзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум воодушевен. Човечката раса никогаш не направила ваков напредок кога станува збор за лечењето на било која болecт во една година”, додава Гејтс.